CloudCart coreCloudCart Core

Лесно управување со многу производи

Сите потребни алатки за управување со целиот инвентар на вашата продавница. Направени да го намалат времето на изработка на продавницата без потреба од специфично знаење.

Предности на CloudCart
Управување со производи

Лесно управување со производи

Создадовме ефикасен систем за управување со производи кои одговара на сите типови бизниси. Работи за да ве заштити и ве известува за активностите на вашиот бизнис.

Icon
Одличен - „out of the box“

Нашиот систем обезбедува најдобро решение за управување со вашите производи. Може да интегрирате ERP и софтвер за управување со залихи за да бидете поефикасни.

Icon
Направено за да биде лесно

Управување со многу производи може да биде тешко. Со интуитивниот систем за управување на CloudCart можете да ги следите сите ваши производи без да изоставите некој.

Icon
Го цениме вашето време

За да им помогнеме на бизнисите да растат со свое темпо, нашиот систем е максимално оптимизиран. Автоматски можете да ги синхронизирате производите и категориите со секој софтвер.

Icon
Создаден за секого

Направен за „dropshipping“, за физички продавници и за дигитални претприемачи. Лесно продавајте сé што сакате и поврзете го софтверот за управување со залихи со вашата продавница.

Престанете да продавате одредена категорија на производи

Ако продавницата има многу различни производи, лесно може да изберете специфичните категории и да престанете или да започнете да ги продавате.

Престанете да продавате одредена сорта на производи

Ако продавницата има многу варијанти на производи, масовните дејства ви дозволуваат да ги изберете специфичните сорти и да престанете или да започнете да ги продавате.

Aжурирање на количини

Направете брзо ажурирање на количините без напор и пронајдете го вистинскиот производ без да трошите многу време.

Опција - „нема на залиха“

Може да изберат дали да започнат или да престанат да се продаваат производи кога тие не се на залиха. Ова прилагодување може да го направите во делот за управување со производи во вашиот административен панел.

Управувње со категории

Секоја CloudCart продавница на трговците им дозволува да прават промени на групи на производи, вклучувајќи ги и сите категории што ги имаат. Овие промени вклучуваат прилагодувања на категории, бришење, одјавување итн.

Категоризација

Добро направена категоризација може да го подобри корисничкото искуство, да ги зголеми стапките на конверзија и да ја подобри оптимизацијата на пребарувачите.

Icon
Групни промени со Google Sheets

Интеграцијата на CloudCart со Google Sheets им овозможува на трговците да прават промени на залихите на цели групи на производи за неколку секунди.

Icon
Превод на различни јазици во Google Sheets

Со користење на Google Sheets, трговците лесно можат да ги преведат описиот и деталите на производите на кој било јазик.

Импортирање и Експортирање

Можете да импортирате и експортирате производи, категории на производи и фотографии од и до надворешни извори на податоци како ERP, софтвер за Dropshipping или од ваши стари продавници. Целата синхронизација се врши автоматски.

XML/CSV извори на информации

Софтверот на CloudCart комуницира со надворешни извори на податоци за непречена работа. Користете ги изворите за постојано ажурирање на информациите во вашата продавница без да се потите.

Синхронизирајте ја залихата на вашата продавница во ERP и во менаџмент систем преку извори на информации со XML и CSV. Користете ги софтверските опции на CloudCart за секогаш да ги имате на залиха вашите посакувани производи.

ERP интеграции

*ЕРП интеграциите се дополнителна опција на CloudCart

CloudCart им дава можност на трговците да интегрираат секаков ERP со широк опсег на опции. Најдете ја вашата апликација во нашата продавница.

Icon
Синхронизирајте ја вашата продавница

Користење на ERP ви овозможува синхронизација на залихата во вашата продавница со секоја менаџмент програма за да бидат ажурирани количините, категориите и производите.

Icon
Софтвер за управување со магацин

Поврзете го софтверот за управување со магацин за поефикасно исполнување на нарачките и управување со залихите.

Icon
Готови интеграции

CloudCart ви обезбедува 10 ERP интеграции со билатерална врска за врвно управување со производите во онлајн продавницата.

Надградете го вашето искуство во е-трговија соДополнителни опции




Управување со API - Поврзете го вашиот софтвер

CloudCart API е прилагодено софтверско решение според JSON API спецификација. Поддржува споделување на ресурси во различни платформи.

Поврзувањето на вашата CloudCart продавница со API дополнително ќе го намали времето за управување со истата. Двостраниот проток на податоци од/до вашата продавница секогаш автоматски ќе ги ажурира вашите залихи.

Оваа опција прави чуда за продавници со различни цени на варијабилни производи - го олеснува поставувањето на различни цени за секоја различна варијанта и следење на залихите.




Помеѓу многу други API, нашиот API се користи за:

Icon
Управување со каталог -креирање и освежување на статуси на производи
Icon
Управување со опсегот на цени -
уредување на цени и управување со попусти
Icon
Поврзување со маркетинг системи
Icon
Интеграција на сметководствен софтвер
Icon
Магацински софтвер, „fulfillment“ центар, ERP системи
Icon
Поврзување со CRM софтвер

Управување со дигитални производи

Продадете ги вашите онлајн курсеви, материјали за обука, дигитални производи
преку вашата CloudCart е-продавница.

Научи повеќе
Icon
Музика, видеа, е-книги и повеќе

Софтверот „e-Commerce-as-a-Service“ им олеснува на креативните луѓе да го продаваат она што го сакаат. Претставете сe во светот со прекрасно дизајнирана и ефикасно управувана онлајн продавница за дигитални медиуми.

Icon
Пристап до членство

Создадете ексклузивни страници за курсеви и видеа за вашите членовите. Претворете го вашиот бизнис во искуство што вашите клиенти ќе го ценат и споделете ја вашата веб-страница со системот за управување на дигитални производи на CloudCart.

Icon
Дигитални и физички производи

Вашата CloudCart продавница е оптимизирана да се справува со дистрибуција на дигитални и физички производи истовремено. Поставете дигитални производи и страници за курсеви и обезбедете дополнителни физички додатоци.

Овозможете му сé што треба на вашиот бизнис. Денес придружете се на CloudCart e-Commerce-as-a-Service и продавајте како луди!

Нашата онлајн продавница користи таканаречени колачиња Дознајте повеќе за нашата политика за приватност и нашата Политика за колачиња